Што ќе се случи ако низ цела планета снема интернет на само еден ден?

За многу луѓе е незамисливо да немаат интернет неколку часа, а камо ли неколку дена.
Но ако се случи интернетот да „падне“ на цела планета на само еден ден, последиците би биле далеку поинакви од оние кои си ги замислуваме.
Џеф Хенкок започнал едно многу интересно истражување и тоа во 2008 година. Тој на своите студенти на Стенфорд им дал задача да го исклучат интернетот од своите компјутери и да видат што ќе се случи а потоа да ги споделат искуствата на следните предавања. Студентите предивикот го прифатиле со голем ентузијазам и имало голем успех во истражувањето.
Но, денешните студенти не ни сакаат да слушнат за оваа идеја па ниту да го спроведат експериментот.
– Кога се обидов ова задолжение да го дадам во 2016 година, наидов на бунт од страна на сите присутни студенти. Тие ми рекоа дека тоа не е фер и дека задачата е невозможна, вели Хенкок.
Студентите тврдат ако дека тие спречени да ги користат социјалните мрежи, да не објавуваат фотографии и други објави тоа ќе го уништи нивниот општествен живот и дека семејството и пријателите нема да се грижи за нив, бидејќи нема да остават „трага“ на социјалните мрежи.
Хенкок тогаш сфатил дека задачата веќе никогаш нема повторно да се исполни и се откажа од истражувањето.


Знаејќи го ова и тргајќи од самите себе да се запрашаме: Што ќе се случи ако интернетот престане да работи дури и на еден ден?
Повеќе од половина од светската популација сега го користи интернет а бројот брзо се зголемува. Според Вилијам Дутон од Универзитетот Мичиген, луѓето интернетот го земаат здраво за готово и не разбираат што може да биде опасност, во случај интернетот да влезе во речиси сите сфери на нашиот живот.
– Луѓето не размислуваат за тоа, дека можеби еден не ќе бидеме во можност да пристапиме до интернет, вели Датон.
Интернетот не е „неповредлив“ и треба да сме свесни дека би можеле да останеме без него, на пример доколку се случи сајбер напад. Затворањето на еден домејн може да предизвика безредија, да не функционираат сајтовите да немаме доток на информации…
На дното на морињата и океаните има кабли, кои доколку на било кој начин се оштетат или исечат ќе дојде до пореметување на интернетот.
Овие кабли се лесна цел за напаѓачите, а често се оштетени и случајно, што може да доведе до целосно исклучување, на пример, еден цел континент.
Во 2008 година луѓето на Блискиот Исток, Индија и Југоисточна Азија беа погодени од големи интернет хаос, кога подморница ги пресече интернет каблите.
Владите на некои земји имаа т.н. Интернет клуч, со кој лесно можат да го исклучат интернетот во својата земја.

Сепак, најопасните напади на интернетот може да дојдат од вселената. Големите соларни бури се голема опасност за сателитите и мрежените системи.
-Она што се бомбите и тероризмот за човековиот живот, тоа се соларните експлозии за интернетот, вели Дејвид Иглман од Универзитетот Стенфрод.
Прекинот на интернет не може да трае долго
За среќа има армија луѓе кои се подготвени да реагираат доколку се случи пад на интернетот.
Скот Борг од Американската сајбер единица вели дека направиле анализа за тоа како падот на интернетот би влијаел на економијата. Откриле дека влијанието би било безначајно, доколку станува збор за прекин кој би траел 4 дена. За тој период тие анализирале финансиски извештаи од 20 компании. Било заклучено дека немањето интернет нема да го влоши животот на луѓето.
Во некои случаи дури значи и дека немањето интернет ќе резултира со зголемена продуктивност, затоа што луѓето би се сконцентрирале на конкретна работа како папирологија или зголемување на ефикасноста.
Нема ни да има проблеми со превозот
Авионите, автобусите, возовите сите тие работат без интернет.
Психолошки ефекти
Сепак, чувството на изолација може како „вирус“ да се рашири меѓу луѓето, судејќи по фактот дека сите имаат најмалку една социјална мрежа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.