1. Зголемена когнитивна способност и креативност
Функцијата на вашиот мозок многу зависи од количеството вода што го внесувате. Ако не пиете доволно вода, може да дојде до губење на меморијата, замор и главоболки. Мозокот се состои од 85% вода, па очигледно е дека мора да го одржувате хидриран. Повеќето од засладените пијалаци само дополнително го дехидрираат мозокот.
Ако ги замените сите пијалаци со вода, ќе ви се подобрат мозочната функција, меморијата и фокусот. Пиењето 8 до 10 чаши вода дневно може да го подобри вашиот когнитивен перформанс за 30%.
2. Забрзан метаболизам
Вашите бубрези зависат од вода за да функционираат правилно. Ако постои недостаток од вода, бубрезите нема добро да си ја вршат работата. Ова пак му создава притисок на црниот дроб да го ослободува телото од токсини. Кога црниот дроб ја презема улогата на бубрезите, треба да престане со преработка на складираните масти во телото, па со тоа се забавува метаболизмот.
3. Подобрена детоксикација
Водата е најдоброто средство за детоксикација што можете да го најдете. Доколку внесувате доволно вода, таа правилно ќе ги распореди хранливите материи низ телото, ќе ги отстрани токсините и ќе ја подобри дигестијата. Покрај тоа, водата ќе ја хидрира и детоксицира кожата, што значи таа ќе изгледа многу поздраво.
4. Подобрено здравје на косата и кожата
Ако вашата коса е дехидрирана може да настанат многу проблеми како нејзино паѓање и појава на првут. Ако пиете само вода, ќе имате природно сјајна коса. Истото важи и за вашата кожа – доколку не пиете доволно вода вашата кожа ќе страда. Но доколку пиете само вода ќе се забави процесот на стареење, кожата ќе ви биде постојано навлажнета и ќе се ослободите од брчките.
5. Полесно ќе го контролирате внесот на калории
Водата го потиснува апетитот. Една од најдобрите стратегии за слабеење е пиењето повеќе вода бидејќи на овој начин ќе го намалите бројот на внесените калории. Покрај тоа, пиењето вода ќе ви го забрза метаболизмот со што дополнително ќе ослабите. Доколку сакате да изгубите некој килограм, малку пред оброкот испијте две чаши вода за да се чувствувате сити.
6 Зајакнат имунитет, срце и коски
Кога црниот дроб и бубрезите работат со полна моќ, вашето тело ефикасно се ослободува од токсините, отпадот и солта во телото. Пиењето доволно вода го неутрализира рН нивото на телото, го зајакнува имунитетот и прави подобро да се справите со болките.
Доколку ги замените сите пијалаци со вода ќе имате и поздраво срце. Кога сте хидрирани има помали шанси да дојде до згрутчување на крвта, а со тоа се намалува и ризикот од инфаркт. Едно 6-годишно истражување покажало дека луѓето кои пиеле над 5 чаши вода дневно имале 41% помал ризик да умрат од инфаркт за разлика од оние кои пиеле помалку од 2 чаши дневно.
Водата им овозможува на вашите зглобови да се движат полесно и ги намалува штетите од движењето. Доколку ги замените сите пијалаци со вода, ќе забележите дека флексибилноста на вашите зглобови се зголемила.