На секоја жена понекогаш и недостига самодоверба, поддршка и охрабрувачки зборови. Потребно ѝ е да знае дека е сакана, но и совршена онаква каква што е. И не, тоа не е никакво клише, туку реалност во која секоја жена треба да научи да се сака себеси, за да можат и другите да ја сакаат.
За да може покрај себе секогаш да има листа која ја прави таква, денес ви претставуваме неколку работи и совети кои ѝ се потребни баш на секоја жена:
Секојдневно мисли на една добра работа или карактеристика кај себе.
Не ја миј косата секој ден!
Опкружи се со другарки кои ќе се смејат на твоите шеги, но и ќе ти кажат кога не се воопшто смешни.
Учи го она што го сакаш и работи го она што го сакаш. Автоматски ќе бидеш подобра во таа работа.
Избриши ја шминката пред спиење
Секогаш носи си ниски чевли во торбата кога излегуваш со штикли. Твоите нозе и пријатели ќе ти бидат многу благодарни.
Ако се одлучиш да земеш кредит, направи го тоа што поскоро и совесно отплатувај го.
Не се замарај со облеката во која не можеш да влезеш и не форсирај да влезеш во неа. Истото важи и за костуми за капење. Најди го соодветниот број.
Облеката која со години не ја носиш, подари ја некому. Тебе очигледно не ти е потребна, а некој ќе биде среќен што ќе ја добие.
Води сметка за својот автомобил.
Ракувај се онака како што би го промешала мартинито. Кратко, но силно.
Секогаш кога можеш опуштај се со музика.
Одвој време само за себе и направи си филмски маратон.
Пронајди го своето хоби и не се откажувај.
Не претерувај со парфемот, но секако не заборавај да го користиш.
Организирај го својот буџет и не се расфрлај со парите.
Запомни дека секогаш е подобро да бидеш автентичен отколку популарен.
Биди со маж кој ќе ја почитува твојата баба.
Не се споредувај со пријателките, тоа не го прават вистински пријателки.
Сфати дека истовремено можеш да бидеш и феминистка и романтичарка.
Сакај ги луѓето онакви какви што се и покажувај им го тоа.
Шетај за да си ги разбистриш мислите.
Побарај стручна помош тогаш кога пријателите не можат да ти помогнат.
Научи да се носиш со своите чувства и вежбај го нивното изразување.
Не се допишувај за време на работното време – тоа ти го убива фокусот, колку и да мислиш дека е наивно.
Социјалните мрежи не се дневник, туку прозор во твојот живот. Затоа внимавај што објавуваш.
Научи да ги прифаќаш и поразите, тие те прават позрела личност.
Твојата спална соба нека биде твоја оаза на мирот.
Научи да им простуваш на родителите и разбери дека нивните намери секогаш се добронамерни.
Гледај ги луѓето во очи и слушај ги внимателно.
Биди благодарна и покажувај им го тоа на другите.
Добрата работна дисциплина ќе те одведе подалеку во кариерата отколку сировата интелигенција.
Гласај.
Изгради свој систем на вредности.
Прекини ги врските кои не те прават среќна и биди со некој кој те заслужува.
Уживај во животот.