Ѓоко Котевски останува на функцијата директор до после изборите

Иако поднесе оставка поради инцидентите во затворот од 21-ви февруари, кога беа нападнати притворениците и поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски директорот на затворот “Скопје“ во Шутка, Ѓоко Котевски останува на својата функција.
На денешната седница Владата ја констатирала неговата оставка, но поради тоа што е поднесена во период откако се објавени претседателските избори, истата ќе се разгледува по завршувањето на изборите, штом заврши забраната за разрешување и именување согласно Изборниот законик.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.