Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно ги освојува симпатиите на светот – овојпат не со тениската игра туку со хуманитарната работаСветскиот тениски ас во Србија отвора ресторан за бездомници.
Парите не ми се проблем, заработив доволно за да ја нахранам цела Србија. Мислам дека заслужуваат такво нешто, зашто секогаш ме поддржувале. Уште не знам која ќе биде точната локција, но ќе биде некаде во Србија, вели Ѓоковиќ.
Познато е дека на српскиот тенисер голема страст му е готвењето, па кога има слободно време, го минува во кујна.
Тој и досега има два ресторана, „Новак“ во Белград, во близина на Арена, отворен пред десет години и „Еквита“, вегански ресторан во Монте Карло, каде што живее со семејството.