Србинот Новак Ѓоковиќ и официјално стана единствениот тенисер во историјата на овој спорт кој има победнички процент од најмалку 80-отсто на сите три подлоги, како и на затворено односно на отворено.
- „Ова не е блеф“: Предупредија дека ќе ја прекинат испораката на гас за Европа
- Хил: Нема најави за санкции кон српски НИС
- Русите започнуваат нова офанзива, се подготвува воздушен десант преку Дњепар
- По 100 евра за косовските пензионери и децата до 16 години
- Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денар, зголемена за 840 денари во однос на ноември
Со петте победи на мастерсот во Париз, тој ја надмина границата од соништата на средбите играни во затворен простор и стана првиот во опен ерата на тенисот кому му успеало да биде до толку успешен во споменатите пет категории. Ѓоковиќ во француската престолнина пристигна со скор 187-48 на средбите во сали, што е 79,6 отсто успешност, но со победите над Ечевери, Грикспор, Руне, Рубљов и Димитров ја освои титулата и воедно ја надмина границата од 80-отстотна успешност.
Следниот најмал побендички скор на српскиот тенисер е на земјена подлога (80,4-отсто), по што следи голем скок кога се во прашање натпреварите на отворено (84,5-отсто), бетон (84,9-отсто) и трева (85,8-отсто). Четири тенисери имаат победи на најмалку 80-отсто од одиграните средбите во четири од овие пет категории, меѓу кои се Бјорн Борг, кому му недостига успех на бетон, Џими Конорс и Роџер Федерер, кои ја немаат надминато границата на земјена подлога, како и Иван Лендл, кој не беше до толку успешн на средбите на трева.
Ѓоковиќ има и најголем процент на победи во кариерата со 83,7отсто (1.082-211) пред Рафаел Надал (82,9-отсто). Пред него сега е завршниот мастерс-турнир во Торино, каде може да ја освои рекордната седма титула и по осми пат да ја заврши годината на врвот на АТП листата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.