Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, даде изјава за новинарите по поразот од Алексеј Попирин во третото коло на УС Опен.
Австралиецот победи со 6:4, 6:4, 2:6, 6:4 и така првпат во четвртиот обид го совлада Ѓоковиќ.
„Честитки за него и неговиот тим, одигра подобро и заслужено победи. Од моја страна, како што се чувствувам и играм од стартот на овој турнир, успех е и третото коло. Убедливо најлошиот сервис досега, на толку брза подлога без никаков сервис, не можете да го победите, особено против тип како Алексеј. Страшен натпревар за мене“, започна Новак.
Новак опиша и како се чувствувал за време на натпреварот.
„Пробав многу работи, а потоа ја изгубив основата – тајминг, ритам, темпо, сè. Многу се мачев психички, не бев ни блиску до моето најдобро ниво. Се чувствував добро физички, мотивиран бидејќи е слем и мојата игра се распаѓа. Морам да прифатам дека се случуваат вакви турнири“.
„Сега имам горчлив вкус во устата поради поразот. Имав многу повеќе победи отколку порази на сите турнири, морам да ја повлечам линијата и да ја разгледам пошироката слика, но сега е тешко да се направи тоа. Лут сум и вознемирен поради поразот, но утре е нов ден“.
На прашањето кои се причините за толку лош сервис (дури 14 двојни грешки), Ѓоковиќ одговара:
„Не знам, да ви кажам право, појма немам. Мојата игра целосно се распадна. Не сум свеж… Брзи услови, тотално различни во споредба со тоа каде тренирав и подготвував. Ми беше лошо да играм на овој начин и да се чувствувам вака. На моменти глумев и се чувствував аматерски. Тоа е реалност, составен дел од спортот“.
За прв пат од 2017 година, Ѓоковиќ ја завршува сезоната без освоен слем.