Ѓорѓиев: Од ден во ден сме се подобри, горд сум на момците

Капитенот на машката одбојкарска репрезентација Никола Ѓорѓиев не го криеше задоволството од прикажаното на теренот.

Зад одбојкарската репрезентација се два добри натпревари во подготовките за Европското првенство од 30. август до 6. септември на кое коорганизатор ќе биде и Македонија.
„Третиот микроциклус е завршен со два натпревари против Романија. Првиот многу потежок бидејќи беше со контри и различни тешки топка каде што поените траеа многу подолго и не исцрли за разлика од вториот кој беше вистински натпревар. Одигравме два одлични натпревара и многу сум среќен со квалитетот кој го поседуваме во овој момент. Сигурно дека сме далеку од формата која ја сакаме, меѓутоа од ден на ден како што кажа и селекторот ќе бидеме се подобри и подобри.
Здравје Боже да бидеме здрави. Имаме ден пауза па продолжуваме со пријателските натпревари. Можам да кажам од капитенска гледна точка дека се оди десет, горд сум на момците за ова што го одработивме не само овие два натпревари туку целите три недели. Се надевам дека така ќе продолжиме и во останатите три микроциклуси и ќе истрчаме максимално подготвени за победа против Данска“, изјави капитенот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.