Новинарот Ѕвездан Георгиевски ќе биде в.д. претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) до изборот на нов претседател, беше соопштено на денешното изборно собрание на синдикатот. На Собранието беа избрани и назначени новите членови на Извршниот одбор, Надзорниот одбор и членови на Статутарна комисија.
Изборот на в.д. претседател се случил бидејќи немало кандидат од членовите на ССНМ за претседател, а раководењето го презема Извршниот одбор, рече Тамара Чаусидис. Таа беше претседател на ССНМ последниве осум години.
Новоизбраниот в.д. претседател Георгиевски потенцираше дека Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници е важна алка не само во остварувањето на новинарските права што произлегуваат од работниот однос и во зголемувањето на социјалниот статус на новинарите, туку и во остварувањето на новинарскиот идеал – слобода на говорот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.