Ѕирнете во внатрешноста на стогодишната вила на Џулија Робертс, вредна 8 милиони долари

Холивудската актерка Џулија Робертс кон почетокот на минатата година издвоила 8,3 милиони долари за стогодишна куќа на 5 ката во викторијански стил во срцето на Сан Франциско, а „New York Post“ објави фотографии од ентериерот.
Вилата има 5 спални соби и 4 купатила, а истата се наоѓа во мирната и скромна населба Пресидио Хајтс.
Робертс ја купила вилата од 580 квадратни метри кон почетокот на 2020 година и тоа по намалување на нејзината цена од речиси 2 милиони долари.
Изградена во 1907 година, вилата претставува дизајн на архитектот Силвејн Шнејтачер, а ја преуредил Џон Витман.
Резиденцијата на ѕвездата на трилер серијата „Homecoming“ има поглед кон заливот на Сан Франциско и мостот Голден Гејт од кујната, дневната и главната спална соба.
Внатрешните карактеристики вклучуваат приспособена гурманска кујна со мермерни плочки, остава, шанк и простор за појадок и друго.
Во кујната се наоѓа и страничен ходник кој води до уште едни скали за останатите 4 спрата. На третиот кат се наоѓа главната спална соба со сопствено купатило, која има балкон и кровен прозорец.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.