Ја избегнав смртта за влакно, да бев со друг автомобил немаше да бидам жив- српскиот пејач едвај спасен од смачканиот ѕвер

Српскиот пејач Дарко Филиповиќ пред два дена преживеал вистински пекол откако доживеал сообраќајна несреќа.
-Ја избегнав смртта за влакно, буквално ја гледав во очи, беше страшно, вели пејачот за српските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

X7🤗🤗🤗

A post shared by Darko Filipovic (@darkofilipovic_official) on


Тој раскажува дека не бил крив и дека другиот шофер возел толку брзо во населено место што не ни го видел кога поминувал.
-Кога ме удри мојот автомобил се сврти 360 степени, не знаев што ме снајде. Да бев во некој друг автомобил од мене немаше ништо да остане, вели Филиповиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Darko Filipovic (@darkofilipovic_official) on


Тој вели дека во болница бил веднаш пренесен и дека таму поминал цели пет часа.
-Го возев автомобилот на сопругата, а сега не знам каде е истиот бидејќи го земаа од шлеп службата. По моја проценка штетата на автомобилот е тотална, вели тој.