Ја избркале од шопинг центар поради шорцевите: “Мажите не можеле да се соземат”

Тинејџерка тврди дека била избркана од еден шопинг центар поради прекратките шорцеви. 19-годишната Габриел Гибсон од Алабама споделила фотографии на својот Фејсбук профил, облечена во спорната комбинација која ѝ задала проблеми во трговскиот центар.

“Денеска бев буквално злоставена и избркана од центарот “Bellair” во Алабама поради она што го носев. Очигледно, возрасните мажи не можеле да се соземат па затоа бев избркана”, напишала Гибсон покрај фотографиите.


Трговскиот центар набрзо издал соопштение во кое објаснуваат дека се фокусирани на “одржување на семејна атмосфера” и дека секој кој носи облека која ги прекршува нивните правила “ќе биде замолен да го напушти објектот”.
Како што вели Габриел, едно од лицата што го обезбедувале шопинг центарот ѝ кажал дека зјапал во нејзиниот задник и тоа било проблем.
“Тогаш не гледај во него”, напишала тинејџерката и додала дека тие биле непристојни и потполно непрофесионални околу целата ситуација.
Откако нејзината објава стана вирална на социјалните мрежи, група жени организирале “SlutWalk” во знак на протест против политиката на трговскиот центар, а во склоп на акцијата, тие повикале жените да се појават разголени во “Bellair”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.