Меган Маркл и принцот Хари започнаа сосема поинаков живот кога се откажа од кралските должности, а сите ги интересира како всушност некогашната актерка заработува сега.
Меган пред да се венча со Хари, се занимаваше со глума, а според пишувањата на странските медиуми, тогаш заработувала околу 500.000 долари годишно. Покрај тоа, добивала и милионски износи благодарение на рекламирањето на разни брендови.
Како што се наведува, се проценува дека Меган вкупно е ‘тешка’ околу 5.000.000 долари, додека принцот Хари вреди 5 пати повеќе, што значи дека парот има околу 30.000.000 долари. Парите на Хари доаѓаат од разни извори и тој и понатаму одредена сума ќе добива од кралското семејство, без оглед на тоа што тој и Меган ги напуштија должностите.
Она без што ќе остане се само неколку милиони долари годишно за патување и облека, кои ги добивал од принцот Чарлс секоја година.
Како што се наведува, Меган и Хари веќе потрошиле дел од нивното богатство со оглед дека за куќата во Малибу искеширале околу 11.000.000 долари.