Ја реновирале куќата па нашле помфрит од Мекдоналдс стар 60 години

Брачниот пар Грејс и Роб Џонс неодамна при реновирање на својата куќа нашле помфрит од Мекдоналдс во обвивка стара 60 години.
Добро сочуваните компирчиња наводно се направени меѓу 1955 и 1961 година, а биле најдени сокриени зад ѕидот од бањата во семејната куќа.
На ќесичката се наоѓа логото на Мекдоналдс од тоа време, односно Спиди – оригиналната маскота на овој ланец на брза храна.


При реновирањето во ѕидот пронашле мистериозна ќеса во која имало две обвивки за хамбургер и пакување помфрит кој не бил дојаден.
-Кога го пронајдовме, со сопругот се погледнавме и се прашувавме дали да повикаме полиција бидејќи можеби сме откриле докази од место на злосторство, вели Грејс.
Помфритот, како што појаснуваат, бил крцкав со кафена боја и не бил расипан иако е направен пред повеќе од шест децении.
По откритието парот вели дека го пронашле човекот кој го јадел оброкот додека ја преправал бањата. Грејс и Роб велат дека планираат да го продадат оброкот на вистинскиот купец.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.