Додека јавниот долг на Македонија исто како и малопродажните цени на речиси сите производи упорно продолжуваат да растат, владеачката гарнитура не убедува дека прави се за да им обезбеди подобар живот и повисоки плати на граѓаните. Дали е така?
Најновите податоци на Народна банка на Македонија се дека на крајот на вториот квартал на 2018 г. вкупниот јавен долг изнесува 48,8% од БДП, што за 0,6 п.п. е поголем од претходниот квартал.- Промената ( од 33,0% до 33,4“% од БДП) во најголем дел произлегува од зголемувањето на надворешниот долг, додека истовремено (од 15,2% на 15,4% од БДП) се зголемува и внатрешниот долг.Вкупниот државен долг и долгот на јавните претпријатија во вториот квартал од годинава се зголемија за 0,3 п.п. и 0,2 п.п. од БДП, а за нив Државата има издадено државна гаранција, потврдува НБРМ.