Јадете повеќе од овој оброк и ќе живеете подолго

о оние делови од светот каде луѓето доживуваат длабока старост, многу се консумира оваа намирница. Прилично е евтина, можете и сами да ја одгледувате, а за лековитоста и не треба да зборуваме.
Можете веднаш да сфатите – се работи за гравот!
Гравот е навистина здрав и препорачливо е да се консумира.
Без разлика на тоа која врста грав ја подготвувате, секоја од нив е многу здрава!
Во гравот се наоѓаат мноштво лековити материи, меѓу кои најмногу застапени се протеините, јаглехидраите, мастите, а изобилува и со доста витамини.
Помага при одржување на холестерол во крвта, ја подобрува работата на органите за варење и го зајакнува срцевиот мускул.
Тавче гравче со колбаси
Гравчето е традиција во секое семејство. Затоа решив да ви представам една моја едноставна комбинација на грав со колбаси.


Гравот е застапен еднаш неделно во мојот дом и тоа го подготвувам на неколку начини. На една телевизиска програма наидов и на рецепт грав со шербет се работи за турски рецепт ама за тоа треба да се има храброст да се подготви и проба. Еве го моето едноставно гравче.
Подготовка
Гравчето го киснам со мала количина на вода од навечер. Утредента го варам заедно со цела главица кромид, морков и везена свежа пиперка на тивок огин. Варењето зависи од гравот. Зрната не треба да се распаднат, но треба да бидат варени меки.
Одкако гравот ни е варен го пресипувам во земјена тава. Кромидот и морковот ги пасирам со вилушка додавам магданос и ситно сецкано лукче, мешан зачин, оригано, бибер и буковец.
Во тава го пропржувам брашното кратко сипувам зејтин мешам и додавам црвен пипер.
Запршката ја сипувам во гравот додавам малку вода доколку фали во земјената тава.
Колбасите ги ставам врз гравот и печам на 200 степени триесетина минути или додека не изврие дел од водата.
Со овој рецепт нама да ве изненадам, ама сакав да ви го представам и моето едноставно гравче тавче со колбаси!!!
Добар апетит!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.