Градоначалникот на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски, смета дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, свесно бара паралелни избори, бидејќи, како што вели, знае дека ќе ги загуби претседателските избори и ќе биде во сериозна опасност да ги загуби и парламентарните.
„Сега кутриот се исплаши бидејќи прво се претседателските, па парламентарните. Тогаш тој ќе биде во сериозна опасност, и затоа бара тие да бидат во пакет. Прави се за да дојде на власт. Мислам дека претставниците на власта нема да му овозможат“, изјави Јакимовски синоќа во емисијата „Клик плус“, пренесува Телеграф.
- Над 1. 000 полицајци упаднаа во резиденцијата, ја сечеа бодликавата жица: Детали за апсењето на претседателот на Јужна Кореја
- Дел од администрацијата трпи притисоци, УПОЗ бара од опозицијата да не се „лепи“ на протестите
- Судијка од Велес обвинета за фалсификување службена исправа, обвинение и против сопружници – сопственици на ланец аптеки
- РУТЕ: Ако не се зголемат буџетите за одбрана во Европската унија, Европејците треба да научат руски
- Турска пратеничка му бакна рака на Ердоган и доби 200 лири
За ставот на Мицкоски дека разликата од 100 до 150 илјади во првиот круг ќе ја добие кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ пред оној на СДСМ и ДУИ, Јакимовски прашува: „Која е партијата што тестира 20 луѓе“.
„Не може една партија да има 20 кандидати и тој да вели дека е сигурен. Зарем не е смешно ?“, рече Јакимовски.
Претседавачот објасни и која е, според него, разликата меѓу Мицкоски и поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Груевски го краси чесноста во комуникацијата, а Мицкоски го краси неискреноста, често знае да лаже, знае да манипулира, што не беше карактеристично за Груевски.