Катица Јанева ќе биде задржана на лекување во “Жан Митрев“, објави ТВ“Телма“. По нејзино барање таа утрово беше однесена во приватната болница на преглед, каде според извори од истрагата е задржана.
„Има висок притисок и општа анксиозност, здравствената состојба и е многу лоша“, рекла адвокатката Фрчкоска пред Јанева да биде задржана во болница.
Јанева претходно ја примаше соодветната терапија во затворската амбуланта, а ова е прв нејзин преглед надвор од затворот.
Претходно, одбраната на Јанева побара притворот да и биде заменет со куќен притвор, но судот го одби ова барање.