Вчера се случи мал инцидент во ТВ Сонце и ви ја пренесувам мојата изјава која ја дадов за полицијата
Во 19.45 влегов во студиото каде ја реализирам мојата емисија и со камерманот забележавме чад и силна миризба на изгорено. Чадот се зголемуваше што индицираше дека некаде има жариште. Почнавме да бараме од каде доаѓа и забрзано ги разместував панелите за да видиме од што е. Зад сценогарафијата на еден моите колеги, видивме отворен оган од таблата со електрични приклучоци кој се ширеше нагоре по каналот со кабелот. Викав силно неколку пати ПОЖАР за да ги опоменам колегите од реализацијата кои се наоѓаа на спрат горе, над огнот и го пратив камерманот да ги исклучи осигурачите. Јас го земав пп апаратот и повеќепати прскав директно на огнот кој иако се изгасна остави силно жариште па морав да го прскам повеќе пати на повеќе наврати се додека не згасна потполно. Во меѓувреме колегите пријавија во ПП служба и полиција.
На увид за кратко дојдоа портивпожарната служба како и полиција од станица Аеродорм и од ЕБР. При увидот стручно лице констатира дека грејното тело било приклучено на штекери кои едноставно не можеле да пренесат толкава енергија. Едноставно несоодветен приклучок.
Рекоа дека брзата интервенција од наша страна и гасењето на огнот спречило огромна матерјална штета и дека сме завршиле одлична работа со правилната употреба на ПП апаратот.
Секако, морам да нагласам дека скоро сите одговорни и мои колеги, со кои реализирам, за десетина минути исто така дојдоа во телевизијата. На сите ни олесна што нема последици, никакви по никого, а матерјалната штета е минимална и нема оштетувања на инсталациите.
Сакам да се заблагодарам на брзата интервенција на службите и на вработените кои покажаа колегијалност и подготвеност да помогнат.
Свети Никола напомош, нека е за многугодини, до сите вас!
Среќен сум што се заврши на најдобар можен начин и ете, покажа дека сепак има професионалци во земјава и луѓе кои чувствуваат одговорност и се спремни да помогнат.
пс: додека се расчисти ужасната миризба и направи проверка пар дена Јади Бурек нема да оди во живо…