Јас имам 36 години, а мојот сопруг 38. Се запознавме на роденден на заеднички пријател кога и двајцата бевме во врска со други луѓе. Тој флертуваше, јас флертував, се забавувавме и интересно ни беше. И тогаш се бакнавме. После тој бакнеж решивме да ја прекинеме врската што ја имавме со нашите тогашни партнери и да се посветиме еден на друг. Сè беше фантастично, изјавила Британката анонимно за The Sun.
– Денес имаме секс најмалку пет пати на ден, но може и повеќе. Најмногу што сме имале било десет пати. Знам дека е многу. Но, мојот сопруг е многу посветен љубовник. Во сексот сè се врти околу мене. Тој одбива да гледа порно филмови и да мастурбира. Тој не ни гледа во други жени и искрено нема никаков интерес за никој друг освен за мене. Постојано ми вели дека сум најубавата жена на светот, а тоа им го кажува и на сите околу мене – додаде таа.
Кога нема секс, тој не е нормален
– Сето ова звучи одлично, но тој целосно полудува ако одбијам секс. Никогаш не ме нападнал, не е дека се плашам од него, но во тие моменти се однесува како дете што е луто и ги фрла работите низ дома – вели тој.
– Еднаш одбивав да имам секс со него два последователни дена и тој буквално почна да се тресе. Читав на интернет како луѓето можат да станат зависни од порнографија, а сега се прашувам дали е можно мојот сопруг да станал зависен од мене – рекла таа.
– Се прашувам дали сексот со мене всушност му годи и дали треба да продолжам да имам секс со него или само долева масло на огнот?
Од друга страна, се прашувам дали сум неблагодарна затоа што сепак ми посветува многу внимание и љубов – признала и додала дека не сака да го разочара, но неговото либидо станало исцрпувачко за неа.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.