Шефот на израелската безбедносна агенција Шин Бет вели дека тој е лично одговорен за недостигот на рано предупредување за напад на Хамас врз Израел.
- И покрај низата акции што ги изведовме, за жал, не успеавме да генерираме доволно предупредување што би овозможило спречен нападот. Одговорноста е моја бидејќи јас сум на чело на организацијата. Ќе има време за истраги. Сега се бориме – напиша Ронен Бар во порака до членовите на агенцијата.
- Мицкоски: Македонија останува дел од стратешките европски разговори
- Леонардо ди Каприо објасни зошто Роберт Де Ниро му оставил најголем впечаток
- Од утре дожд, снег и постудено
- Анџелина Џоли призна дека често се чувствува осамено: Се уште не знам како да живеам сама
- Кај нема автобуси, ЈСП не им дава ниту бесплатен превоз на студентите?
- Кузеска: Ковачевски е во земјава, направена е конфузија во јавноста дека се работи за истиот предмет против Груби
- Ѓоковиќ ги поддржа протестите на студентите против Вучиќ
- Мицкоски: Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат
- Шолц: Со обезбедување поддршка за Украина, се избегнува ескалација меѓу Русија и НАТО
Локалните медиуми објавија дека неколку часа пред нападот на 7 октомври, одбранбената единица идентификувала невообичаено движење во Појасот Газа, што предизвикало телефонски повици меѓу високи функционери доцна во ноќта, но знаците во голема мера биле отфрлени.
Сепак, според извештаите на медиумите на хебрејски јазик, Бар отишол во седиштето на агенцијата и наредил распоредување на мал тим стациониран на границата на Појасот Газа во исчекување на напад од мал обем.
Агенцијата соопшти дека најмалку 10 членови на Шин Бет биле убиени за време на напад на Хамас на 7 октомври.
- Во војна сме, а не во борбен круг. Војната завршува со одлучувачка победа и промена на ситуацијата. Нема граница и временско ограничување. До самиот крај – додава Бар.