Јас сум официјално Македонец и горд сум на тоа

Во последната емисиja „Улица Македонија“ гостин беше ракометната ѕвезда на Вардар, Тимур Дибиров. Во еден дел од емисијата, Дибиров вели дека официјално е Македонец и дека е горд на тоа.
Јас сум официјално Македонец и имам право на пасош. И моите деца се Македонци, затоа што ќерката е тука родена во Скопје. Јас сум горд на тоа, мене не ми треба пасош само за да играм за репрезентација, јас земам пасош за Македонија да биде моја следна земја. Многу ја сакам Македонија и зошто да не, вели Дибиров.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.