,,Јас сум црн Србин” – Ракија, Цеца и народна музика: Еве на што ги учи Јокиќ своите соиграчи

Никола Јокиќ е еден од најдобрите кошаркари во светот, а иако делува мрзливо и незаинтересирано на теренот, тој е и еден од најопуштените и најдуховитите луѓе во светот на кошарката.Деандре Џордан е соиграч на Никола во Денвер Нагетс, со текот на времето станаа големи пријатели, а искусниот центар сподели неколку анегдоти од гостувањето со најдобриот кошаркар на планетата во подкастот на Пол Џорџ.– А, имам ракија дома. Со мала круша внатре… јас сум црн Србин. Никола ми помогна да го подобрам моето знаење за српската народна музика. Ме запозна со Цеца и ми кажа кои песни се добри и кои да ги симнам, а јас не сакав да ги слушам тие ср*ња. Сепак, тој ја пее и мене ми се допаѓа, а јас испив пиво и текила па почнав да танцувам на таа музика – изјави Џордан и предизвика смеа во студиото.Нема дилема дека Никола сите соиграчи ги учи на српската традиција, а атмосферата во тимот е одлична.

Пронајдете не на следниве мрежи: