Јелена Јованова по танга во Сплит

Актерката Јелена Јованова-Периќ е на одмор во Сплит, од каде објави и фотографија. И овој пат ги изненади своите следбеници на Инстаграм, оти на фотката носи полу танга, што е ретка прилика да се види Јелена во вакво издание. Всушност, неодамна таа имаше интересна фотосесија на Железничка станица во Скопје, каде се сликаше по градник, за потребите на рекламна кампања за бренд за кој актерката е заштитно лице.

Јелена Јованова изминатиот период беше актуелна по улогата со нејзиниот колега Сашко Коцев во словенскиот филм „Нешто слатко“ кој сè уште се прикажува во кината низ Македонија. Исто така играше и во краткометражниот филм на Сандра Ѓоргиева „Еден тон сладолед“ кој ја освои наградата за најдобар пич (претставување) на Сараевскиот филмски фестивал.

Јелена Јованова по танга во Сплит
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.