Водителката Јована Јоксимовиќ вчеравечер, 7-ми октомври 2020 год. беше специјална гостинка на промоцијата на новата колекцијаза убавина на пејачката Емина Јаховиќ.
Покрај тоа што дојде да ја поддржи нејзината пријателка Емина, Јована беше и водителка на програмата.
Ова е првпат Јована Јоксимовиќ да застане пред камера по отказот и заминувањето од ТВ Прва, а водителката за целата ситуација која сега е зад неа, изјави:
„Кога ќе дојде време, ќе ви раскажам сè, иако немам нешто многу повеќе да кажам, освен дека во сето тоа има многу невистини“ – рече таа, а на прашањето како се чувствува во моментот, таа со широка насмевка од уво до уво, одговори:
„Токму вака, како што изгледам“ – рече видно веселата водителка, а потоа побрза да влезе во салата.