Семејството Јоксимовиќ е во регионот на Атина, каде во катастрофалните пожари загинаа 60 лица, а повеќе од 150 се повредени или исчезнати.
– Се наоѓаме во Атина на околу 30 километри од местата зафатени во пожарите. Тука е моментално мирно, нема многу луѓе на улиците и нема паника – изјави Јована Јаксимовиќ за српскиот портал „Жена“.
Таа додава дека ветрот денес малку стишил. Таа очекува ситуацијата во Грција да се стабилизира.
Семејството Јоксимовиќ нема да го прекине одморот.