Јоце Панов стана заштитно лице на iStyle

Македонскиот поп пејач Јоце Панов стана заштитно лице на продавницата iStyle, а воедно и прв ексклузивен промотер од Македoнија на производите iPhone и iMac од Apple и на слушалките Beats by Dr. Dre. 
Бронзената сирена која ја освои на реномираниот фестивал „Сунчане Скале 2013“ му донесе нов ексклузивен договор со единствената продавница на iStyle во Македонија, сместена на влезот во Скопје Сити Мол.
– „Бронзената сирена ми носи многу среќа, одкако ја добив ми се случуваат само убави работи. Заштитно лице сум на производите iPhone, iMac и Beats by Dr.Dre од продавницата iStyle. Убаво е да се соработува со професионалци, тоа ме прави среќен и задоволен“, вели Јоце Панов.
Пејачот во моментов забрзано работи на новиот видео запис кој наскоро ќе ја дочека светлината на денот.
Македонскиот поп пејач Јоце Панов стана заштитно лице на продавницата iStyle

Пронајдете не на следниве мрежи: