Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје вечерва започнаа активности за рачно миење на сите пунктови за масовна вакцинација каде што се спроведува имунизацијата на жителите на градот Скопје против вирусот Ковид-19.
Активностите се реализираат во пунктовите лоцирани во спортската сала Борис Трајковски и поликлиниките Букурешт, Чаир и Јане Сандански, со употреба на четири автоцистерни.
„Во непосредната околина на пунктовите за масовна вакцинација против вирусот Ковид-19 секојдневно забележуваме голема фреквенција на луѓе и возила и од тие причини ЈП Комунална хигиена-Скопје вечерва презема вонредни активности за одржување на хигиената и чистотата на овие локации, со цел максимална заштита на јавното здравје.“ – изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.