ЈСП: Нема да дозволиме политичките интриги да го блокираат нормалното функционирање на главниот град

Од рано изутринава автобусите на ЈСП Скопје ги напуштија авто-базите и редовно без застој сообраќаат на линиите.

Градот Скопје и ЈСП уште еднаш докажаа дека нема да дозволат политичките интриги да го блокираат нормалното функционирање на главниот град. 

Уште еднаш се покажа кој работи против интересите на граѓаните, но и против интересите на вработените во ЈСП обидувајќи се безпотребно да создаде хајка и тензија во ЈСП со цел граѓаните да останат без автобуски превоз.

Благодарение на субвенциите од Град Скопје, ЈСП повеќе нема финансиски проблеми, нема никакви пречки во своето работење, а платите и обврските на претпријатието се исплаќаат благовремено и во законскиот рок.

Град Скопје уште еднаш покажа дека нема да дозволи никој да ја блокира работата на јавните претпријатија и да им наштети на интересите на граѓаните.

Уште еднаш на виделина се покажа кој работи против интересите на граѓаните, а кој во негов интерес, јасно е дека одредени структури во градот сакаат политички да се пресметуваат со градската администрација и вработените во ЈСП, а на штета на граѓаните.


Пронајдете не на следниве мрежи: