Во две одвоени манифестации одржани месецов групацијата НИКОБ се заблагодари на најпосветените и најлојалните, оние кои ја градеа компанијата сите овие години и се пример за секој вработен. На истите присуствуваа и колеги од НИКОБ Медикал, НИКОБ Лаб како и Центарот за кеш услуги.
Награди и признанија беа доделени на вкупно 200 вработени, поделени во три групи, во првата група беа вработените со над 10 години стаж, во втората група беа вработените со над 15 години стаж и третата група беа вработените кои се над 20 години стаж. Дополнително беа доделени соодветни парични награди и плакети и признанија, а вработени кои се повеќе од 20 години добија и пригодни часовници.
Сопственикот Кирил Лазаров се заблагодари и во двете прилики говореше за тоа што денес претставува НИКОБ и колку е значаен ангажманот на сите присутни.
„Зад НИКОБ има многу историја, бројки и статистики. Има многу восхит, и емпатија во тоа што го работиме. Никоб е компанија чиј што бренд го создадоа и го почитуваат вработените, како и клиентите. Ние промовираме вредности кои во својот темел имаат го вградено човекот како индивидуа и луѓето во целина како општество. Наш основен темел се ЛУЃЕТО.
Ние сме посветени на заедницата во која сите живееме – рече Лазаров. Денес НИКОБ е целосно посветена на општествена одговорност, и инвестираме во вредности, хуманизам, спорт и промовирање на здрава животна средина.
Никоб сите овие години го постигна она што можеби е најтешко денеска да се стекне. Тоа е ДОВЕРБАТА. Довербата на клиентите, компаниите, а и доверба на семејствата и домовите.
Најголемата инвестиција на НИКОБ се човечките ресурси.
Во оваа пригода сакам да ја потенцирам и да се заблагодарам на сите вработени за довербата изградена кон и од клентите. Во ова сте вградени сите од оние кои деноноќно се во објектите, во возилата, патролите, транспортните единици, физичкото обезбедување, вработените во сервис и имплементација па се до секој поедничено во администрацијата – нагласи Лазаров.
Денес со нас се легендите, ветераните и оние кои растеа заедно со Никоб. Оние што го градеа и го градат НИКОБ. Оваа пригода е многу побогата заради вработените кои се повеќе од 10, 15 години и 20 години со нас во НИКОБ на кои им возвраќаме со пригодни плакети и признание дека се дел од успехот.
Ќе продолжиме заедно да ја развиваме компанијата. На патот кон остварувањето на зацртаното за нас нема компромис“ – додаде Лазаров.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.