Јужен Либан е зафатен од израелски напади

Во ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Хамас, објавени се снимки кои наводно ги прикажуваат израелските напади во јужен Либан.

Снимката, наводно, била објавена од дописник на медиумската организација Ал Манар во сопственост на Хезболах.

„Нашите души се во Божји раце“, пишува во описот на видеото, пренесува skynews.

Тие не се во рацете на израелскиот непријател. Господ нека нè благослови и чува“.

Од друга страна, израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдеа дека погодиле цели на Хезболах не само долж израелската граница, туку и во јужниот дел на Либан.

Инаку, израелската офанзива против милитантите на Хамас започна по нападите на последниот на 7 октомври на израелските територии. 

أرواحنا بيد الله ..وليست بيد العدو الإسرائيلي المجرم !!الله سلم ودفع ما كان أعظم .طريق الخردلي – دير ميماس pic.twitter.com/ZamTueWyal— علي شعيب || Ali Shoeib 🇱🇧 (@alishoeib1970) December 23, 2023

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.