Управата на Манчестер Јунајтед се договорила со холандскиот репрезентативец Вут Вегхорст, но неговото доаѓање на „Олд Трафорд“ зависи само од способноста неговиот сегашен клуб Бешикташ во следниот период да му најде адекватна замена.
Искусниот напаѓач во моментов е член на составот од Истанбул и тоа како позајмен фудбалер од Барнли, кој е подготвен да го испрати на нова позајмица, овој пат во Премиер лигата. Според новинарот Фабрицио Романо, Бешикташ ќе добие отштета од три милиони евра, со кои ќе бара замена за Холанѓанецот.
Дури и ако се случи тоа, Вегхорст ќе може да биде промовиран во замена за Кристијано Роналдо, што според стручњаците е премногу комплицирано за фудбалер кој е најпознат поради кавгата со Лионел Меси за време и по мечот помеѓу Аргентина и Холандија на СП во Катар.