Пејачот Љуба Аличиќ (67) редовно настапува и по кафеани и на приватни прослави, но сега мораше да ги одложи сите настапи поради лошата здравствена состојба.
Имено, Љуба требаше да настапи во Скандарлија денес, на 16 март, но поради тешка настинка заврши во амбуланта со температура од 40. Но, беше пуштен на домашно лекување, а претставници на седмата сила го контактираа Аличиќ, кој едвај можеше да зборува.
-Ми се слоши, се разболев. Едвај зборувам, како што можете да слушнете. Сè ми се случи, и овој студен воздух и постојано таму, овде… Не би издржал сега настап. За жал, најавив дека ќе го одложиме настапот, па штом се чувствувам подобро ќе се дружам со публиката, изјави пејачот.
Љуба Аличиќ е еден од најпознатите фолк пејачи на Балканот, својата музичка кариера официјално ја започна во 1971 година и оттогаш има снимено бројни хитови.