Меко тесто и лепеза од вкусови е вистинскиот опис за овие домашни кифлички, кои се идеално решение за вечера или појадок.
Состојки:
– 100 мл. млеко
– 100 мл. вода
– 100 мл. масло
– 1/2 лажица сол
– 1/2 лажица шеќер
– 1 кесичка сув квасец
– околу 500 гр. брашно
За полнење:
– 300 гр. горгонзола
– кари
– хималајска сол
– бибер
– маслиново масло
– босилек
За премачкување:
– јајце и сусам
Подготовка:
Во соодветен сад истурете го брашното, додадете го сувиот квасец, солта, шеќерот, промешајте и додадете млако млеко, масло, млака вода и замесете го тестото.
Оставете го да отстои половина час. За тоа време, пропржете ја горгонзолата на загреано масло, зачинете по вкус и оставете да се излади. Откако ќе нарасне тестото, растегнете го во голем круг и сечете го на тријаголници. Во секоја кифличка ставете по една лажица од намирниците за полнење и завиткајте.
Посипете со сусам и премачкајте со јајце. Печете на 180 степени 20 минути.
На здравје!