Дознајте што ви подготвиле ѕвездите на љубовен план до 31 август.ОВЕНСледната недела ќе бидете во ситуација да запознаете некој што ќе ви се допадне, преку работа или на работното место. Тоа ќе биде врска која е комплицирана и не особено хармонична , но многу интензивна и полна со сексуална напнатост.БИКЛичноста што ви се допаѓа ќе биде или некој што живее далеку, со кој не можете да имате конкретен однос, или некој со кој поради одредени околности не можете да бидете во отворена врска. Сето ова ќе ве турне во платонска врска.БЛИЗНАЦИТЕОваа недела сте многу стимулирани и страсни, поради што лесно можете да имате физички однос со некого, ако не и емотивен. Доколку барате покомплетна врска, имајте го ова на ум и не брзајте, туку почекајте ја вистинската личност за вас.РАКНекои илузии кои сте ги изградиле во претходниот период ќе бидат уништени и поради тоа би можеле да се чувствувате разочарани и несигурни во љубовниот живот. Не дозволувајте ситуацијата премногу да ве вознемири, но знајте дека ќе имате поголема среќа во втората половина од неделата.ЛАВВо овој период би било добро љубовниот живот да биде посоцијален, бидејќи лесно ќе ја разбудите љубовната енергија без разлика на вашиот статус. Ако веќе сте во врска, ќе уживате во хармонија, а ако сте слободни, тогаш ќе имате нови можности за љубов.Фото: ShutterstockДЕВИЦАСледната недела ќе ви биде лесно да ја покажете вашата најубава и најдобра страна. Поради ова, ќе ги привлечете дури и луѓето што не сакате да ги привлечете, а камоли оние што сакате да ги освоите. Со многу малку труд ќе постигнете добар резултат.ВАГАМногу сте романтични, како и секогаш, поради што лесно можете да паднете во врска. Доволно е некој да покаже интерес за вас и вие ќе возвратите. Вежбајте волја, инаку може да завршите со погрешна личност.СКОРПИЈАСледната недела можно е да доживеете љубов со некој од вашиот круг на пријатели или некој што ќе го сретнете со помош на пријатели, познаници, некои клубови или здруженија во кои припаѓате. Побогат социјален живот ќе ви донесе можности за романса.Фото: ShutterstockСТРЕЛЕЦЌе бидете невоздржани во потрагата по забава и уживање. Ќе имате интересни искуства, но прашање е дали некое од нив ќе ви даде можност да остварите вистинска врска. Поверојатно е дека сè ќе остане на ниво на романса или афера.ЈАРЕЦОва е период во кој лесно ќе најдете можности за романса, бидејќи сте во контакт со многу луѓе и повеќето од нив ќе бидат многу привлечни и расположени за љубов или конкретно заинтересирани за вас. Сè што треба да направите е да пребарувате.ВОДОЛИЈАОние припадници на знакот кои живеат заедно со избраната личност ќе имаат проблеми во врската. Немирот и склоноста за влегување во конфликти во домашната атмосфера ќе доведат до тензија, која ќе мора да се реши за да се воспостави хармонија.РИБИВо овој период имате проблеми да се посветите на љубовниот живот, едноставно не сте расположени за љубов, а ова е посебен предизвик за оние кои се веќе во врска и сакаат да останат во неа. Ако сте сами, тогаш најверојатно воопшто нема да обрнете внимание на оваа област од животот.
Пронајдете не на следниве мрежи: