ВМРО-Народна партија ги поздравува оние медиуми и општествено политички и активни граѓани кои придонесуваат во смирување на односите со соседна Бугарија, особено после ескалацијата околу 4-ти февруари, а во интерес на нашиот пат кон Европската интеграција.
СТАТУС НА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ОБЈАВЕН НА ФЕЈСБУК. ПРЕНЕСЕН ВО ЦЕЛОСТ. ТОЈ СМЕТА ДЕКА ОВАА ТЕЛЕВИЦИЈА ИМА СКРОМНА АГЕНДА И ЈАСНА ПРОГРАМА. ГО ПОВИКА АВМУ ДА ИМ ЈА АНАЛИЗИРА ПРОГРАМАТА…
За жал сеуште има такви медиуми, би ја издвоиле „Алфа Тв“ која во својата реторика продолжува со создавање на подбуцнувачка атмосфера, а посебно фрапира речникот со кои ги коментира македонските граѓани кои сакаат да се декларираат како Бугари.
Реторика која се граничи со шовинизам.
Од друга страна пак и скромниот поглед на нивната содржина особено културно-забавната и филмската програма јасно ја отсликува целта на „Алфа Тв“ да го воспева југословенското, тоталитарно минато се со цел културно-забавно србизирање на македонскиот народ.
Го повикуваме Советот за радиодифузија да ја изанализира оваа нескриена цел на оваа таканаречена македонска телевизија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.