ЊУЈОРК: Околу 1,1 милион ученици секој понеделник ќе бидат вегетаријанци

Од 1 септември сите – околу 1,1 милиони ученици во Њујорк – ќе имаат на мени во понеделник во школите вегетаријанска храна.
Тоа го објави градоначалникот Бил де Блазио.
– Намалување на количина на месо ќе го подобри здравјето на њујорчани и ќе ги намали штетните гасови, смета демократот Де Блазио по повод идејата за „Понеделник без месо“.

Програмата што почна во 15 училиште во Бруклин во Њујорк пред една година, со вегетаријанска храна секој понедленик, ќе биде воведена во целиот училиштен систем.
Во Калифорнија во исто време се размислува на учениците да им се предлага веганско мени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.