Ќе бара ли Мицкоски од Алијанса за Албанците да излезе од Влада по откривањето на соработката со ДУИ?

„Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вчера се сретнал со претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари. Според партиски извори, средбата се одржала во Гостивар и во средиштето на вниманието биле последните политички случувања.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија – ИНА.

ИНА дополнува дека политичките партии ги зачестија средбите поврзано со гласините за предвремени избори, или проширена Влада според условите на ВМРО-ДПМНЕ за влада без ДУИ, за да гласа за уставните измени.

По лидерската средба меѓу Мицкоски и Ковачевски стана јасно дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени, доколку тие се со одложено дејство и доколку ДУИ излезе од владината коалиција.

На вчерашните состаноци на централниот и извршниот одбор на СДСМ беше одлучено да се формира работна група меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за пеглање на уставните измени.

ДУИ денеска официјално одлучи дека доколку ВМРО-ДПМНЕ ги гласа уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, тие се подготвени да излезат од владината коалиција.

По вчерашниот состанок меѓу Ахмети и Таравари се поставува прашањето дали Мицкоски сега ќе бара и Алијанса за Албанците да излезе од Владата?


Пронајдете не на следниве мрежи: