Граѓаните на Европската комисија се изјаснија против летното и зимското сметање на времето, а повеќето се за воведување на трајно летно време. Европската комисија после тоа најави дека ќе предложи укинување на сезонското поместување на сказалките на часовниците. Тоа значи дека и Македонија би била дел од тој процес, кој би подразбирал последно поместување на часовникот во март, односно октомври идната година. Многу експерти сепак предупредуваат дека воведувањето на летното сметање на времето во текот на целата година би имало погубни последици за сите.
Тил Ренеберг од Институтот за медицинска психологија од Универзитетот во Минхен вели дека воведувањето на трајното летно време би предизвикало големи проблеми.
-Со тоа се зголемува ризикот од дијабетес, депресија, пореметување на сонот и тешкотии во учењето, што значи дека би станале поглупи, подебели и помрзоволни, вели овој експерт.
Доколку се воведе трајно летно сметање на времето, многу повеќе денови во година би станувале по мрак.
-Зависно од местото на живеење, децата и до 6 недели подолго би иделе по темница во училиште – смета Ренеберг кој смета дека анкетата е направена без адекватно информирање на јавноста.
Светлото и темнината влијаат на нашиот внатрешен часовник, кога ќе се разбудиме, а кога ќе почувстуваме замор. Подолг ден, заради воведување на летното време, влије на неуротрансмитерот на сонот, мелатонинот подоцна да се лачи. Бидејќи не чувстуваме замор на време, подоцна легнуваме, но наутро сепак треба порано да станеме.
-Со време се заканува недостаток од сон, поради што во поголема мера ќе станеме хронично ненаспани и преморени – вели експертот за пореметување на сонот, Ханс Гинтер Вес.