Ќе ве воодушеви уште со првиот залак: Рецепт за потпечен леб полнет со сирење и зачини

Потпечен леб полнет со сирење и зачини е едноставен рецепт, а освен тоа ќе ве воодушеви со својот вкус.
Тој е добар избор кога немате многу време, а сакате да ги импресионирате семејството и пријателите.
Можете да користите и стар леб, па да додадете и некои други производи.

Состојки:

  • еден леб;
  • сирење (гауда);
  • фета сирење;
  • путер;
  • свеж магдонос;
  • лук;
  • една лажица масло за јадење;
  • други зачини по желба.

Подготовка:
Доколу планирате да ставите лук, прво ставете го во алуминиумска фолија, па прелијте го со една лажица масло, па ставете зачини. Печете го неколку минути во рерна додека не омекне. Кога ќе е готов лукот згмечете го и помешајте го со стопениот путер.
Но, доколку сакате поедноставен рецепт, може да го прескокнете овој чекор и да користите лук во прав. Тоа значи дека него ќе го помешате со путерот и магдоносот.
За тоа време, земете го лебот и внимателно пресечете го по должина и ширина така што ќе направите коцки. Не сечете до крај за да остане цел.
Помешајте го изренданото сирење заедно со фета сирењето, а може да додадете и некои други состојки како на пример пиперка или некој сувомеснат производ. Потоа внатрешноста на лебот намачкајте ја со стопениот путер со зачини и додадете ги другите состојки.
Лебот ставете го во тепсија, покријте го со алуминиумска фолија и печете во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 10-на минути.

На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.