Почетокот додатно го олеснува тоа што не е потребна голема површина, луѓето можат да живеат и од еден хектар засаден со оваа овошка.
Нема овошка која носи брза заработка и помалку вложување од јагодата, па сѐ повеќе земјоделците почнуваат со овој бизнис. За почетниците секогаш совет е да не почнуваат со оглеми парцели, бидејќи еден хектар во првата година е веќе сериозен залак.
Јова Томиќ од Суботица се занимава со оваа работа веќе 18 години и вели дека првата година заработката се дели од половина хектар и може да се добие од 200 до 300 евра, втората година кога помали се вложувањата заработката станува двојна. Но, за тоа да се случи откупната цена мора да биде над едно евро за килограм.
За да опремите еден овоштарник со јагоди од половина хектар со наводнување капка по капка, плеку пластеникот и фолијата, до садници и ѓубрива, за половина ар ви треба околу 6.000 евра. Но, веќе првата година можете да имате полн род, некои 12-15 тони, а ако откупната цена не е под едно евро, ќе заработите од 10.000 до 13.000 евра – вели Томиќ.
Експертите ги советуваат земјоделците да не користат сопствен расад, бидејќи тие родови нема да задволат потребен квалитет.
Јагодите раѓаат два пати годишно и тоа во мај и јуни и почеток на септември, па се до појавата на првите мразови.