Ќе внимаваме лекувањето на украински војници да не влијае на редовните процеси во јавното здравство

Инаку, можноста за формирање центар за рехабилитација за ранетите украински војници и украинските деца со помош на балканските држави беше тема на разговор меѓу претседателот Стево Пендаровски и украинскиот претседател Володимир Зеленски на заедничката средба во Тирана кон крајот на минатиот месец во рамките на самитот Украина – Југоисточна Европа

До овој момент не е пристигнато конкретно барање за згрижување и лекување на украински војници во земјава. Ќе внимаваме излегувањето во пресрет, одговарањето, поддршката и помошта што ќе ја понудиме да не влијае на редовните процеси во јавното здравство. Ова денеска го рече Славјанка Петровска, министерката за одбрана од Штип, по повод 75 години НАТО и четири години од нашето членство во Алијансата, одговарајќи на новинарско прашање дали македонската армија е подготвена да го прифати лекувањето на украинските војници.

Фото: Министерство за одбрана

„Како Министерство за одбрана сме апсолутно подготвени да излеземе во пресрет за лекување на украинските војници, но треба да се има в предвид дека лекувањето е во надлежност на Министерството за здравство, Имавме еден првичен разгвоор со министерот за здравство, а сега одиме понатаму на интензивирање на преговорите, да ги одредиме точните капацитети и се разбира точниот начин, ако евентуално се појави потреба за тоа,

рече министерката Петровска.

Според неа, иако живееме во мирнодобски услови, како што рече Армијата има обврска постојано и во континуитет да ја одржува својата борбена готовност, дали во рамките на касарните, или преку мисиите на Криволак.

Инаку, можноста за формирање центар за рехабилитација за ранетите украински војници и украинските деца со помош на балканските држави беше тема на разговор меѓу претседателот Стево Пендаровски и украинскиот претседател Володимир Зеленски на заедничката средба во Тирана кон крајот на минатиот месев во рамките на самитот Украина – Југоисточна Европа.

Зеленски објави видео на социјалната прежа Икс од средбата со Пендаровски, во кое беа претставени кратки делови од нивниот разговор, а во кои се слуша дека двајцата претседатели разговараат за можноста за формирање центар за рехабилитација за ранетите украински војници и украинските деца со помош на балканските држави.

На почетокот на месецот, од кабинетот на претседателот Пендаровски рекоа дека оваа идеја начелно е прифатлива за нас како држава, но како што посочија оттаму, потребно е конкретна разработка на деталите што ќе биде во надлежност на владите од земјите кои ќе земат учество во програмата.

Од кабинетот на претседателот тогаш посочија и дека станува збор за првичен предлог од страна на премиерот на Хрватска и претседателот на Црна Гора, со оглед на тоа дека тие две држави веќе имаат искуство и капацитети за рехабилитација од воените дејствија во 1990-тите година.

Петровска и пред една недела ијзави дека не ја исклучува можноста да се стават на располагање расположливите капацитети на државата за лекување ранети војници од Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи: