Фудбалерот Огњен Врањеш по објавените голи фотографии на Јелена Карлеуша сега ѝ се заканува и на нејзината колешка Дара Бубамара дека ја чека истото.
Имено, српските медиуми пренесуваат дека Врањеш наводно поседувал голи фотографии и од Дара Бубамара кои пејачката му ги праќала кога се допишувале пред неколку месеци.
Огњен и Дара цело лето се допишуваа. Тие размениле броеви преку Инстаграм, а набрзо потоа почнале да циркулираат видео пораки преку вибер. Дара за кратко време стекнала доверба во Огњен, па често му праќала фотографии на кои таа е гола. Долго време се договарале да се видат во живо, но Дара од пријателите слушнала дека Огњен е во шема со Карлеуша. Тогаш одлучила без објаснување да го прекине контактот со него – вели извор близок на Дара.
Иако Врањеш ѝ бил многу симпатичен, Дара се уплашила дека Јелена повторно ќе ѝ се налути. Не сакала да го прокоцка пријателството со пејачката со која неодамна ги стоплија односите, па одлучила да го блокира.
Кога Дара застанала на страна на Карлеуша, Огњен се изнервирал и се заканил дека ќе ги објави голите фотографии на Дара Бубамара.
Даро ќе ги објавам твоите голи фотографии, ако продолжиш да зборуваш и провоцираш. Ќе те избламирам како Јелена – ја пренесуваат српските медиуми пораката на Огњен до Дара Бубамара.