СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против Е.М.(21) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
На 08.03.2024 околу 11.30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „ Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал М.О.(39) од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Второпријавениот Е.М., кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело.