Дисциплинската комисија при Јавното обвинителство се уште не донела одлука дали ќе се поведе дисциплинска постапка за обвинителите на Вишото обвинителство Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев, по поднесениот предлог од нивниот колега и шеф Мустафа Хајрулахи поради сомневања дека тие нарачувале текстови на „ДОКАЗ М“, како што тврдеше сопственикот на порталот Марјан Стаменковски.
„До дисциплинската постапка дисциплинската комисија се доставени иницијативи за поведување дисциплинска постапка против неколку јавни обвинители. До овој момент Комисијата нема донесено решение за поведување постапка за испитување дисциплинска одговорност за јавните обвинители што ги наведувате.“ – стои во одговорот од Обвинителството.
Шефот на Вишото обвинителство поднесе и кривична пријава за двајцата обвинители.
Барањата за одговорност на Сашо Рајчев и Фатиме Фетаи дојде по изјавата на Марјан Стаменковски кој кажа дека соработувал со обвинителот Рајчев, но и уште една обвинителка. За обвинителот кажа дека му испраќал информации, тврдење, кое беше демантирано од Рајчев, кој најави и тужба до сопственикот на ДОКАЗ М.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.