Ќе има одговорност за состојбата на Хируршките клиники



Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека 12 директори и министерот Илир Демири се виновни што веќе подолг период се затворени операционите сали на Хируршките клиники

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ / фото: „360 степени“

12 директори на Хирургија и министерот Илир Демири се виновни за сите откажани, одбиени и препратени зафати во изминативе 15 дена, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека повеќе од две недели пациенти ширум државата трпат последици од неможноста врз нив да биде направен медицински хируршки зафат.

„15 дена директорите на Хирургија и министерот Демири не прават ништо да го санираат проблемот на Хирургија. Раководителите во здравството назначени од СДС и ДУИ како намерно да го доуништуваат здравството во последните денови пред заминување. Народот страда заради односот на СДС и ДУИ кон здравството“,

велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најавија дека „за сите кои ја предизвикале штетата на Хирургија и за сите кои не правеле ништо за да се санира ќе има одговорност“.

Операционите сали на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје подолго време се затворени поради миризба за која сѐ уште не е точно разјаснето од каде се појавува. Се чекаат резулатите од испитувањата во германски лаборатории за тоа што ја предизвикува миризбата. Дотогаш се оперираат само итните случаи.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: