Смртта на 24-годишната тетовка вчера од коронавирус ја разбранува јавноста и здравствените власти во нашата земја. Лекарите се шокирани, со оглед дека девојката немала пријавено никакви претходни здравствени проблеми а ниту прекумерна телесна тежина.
Меѓутоа директорката на инфективната клиника Милена Стевановиќ за порталот кажува дека во следните денови ќе биде испитуван случајот, и дека најпрво ќе се зборува со семејството, а потоа ќе биде консултиран и тимот во МАНУ со кој соработува Инфективната клиника во истражувањата во врска со коронавирусот.
Девојката најпрво била лекувана дома со инфузии препишани од матичен лекар. Потоа поради влошување на состојбата, пациентката била тестирана во Медицинскиот центар во Тетово. Откако се утврдило дека има позитивен тест, веднаш била хоспитализирана. Пациентката седела таму една седмица, а поради отежнато дишење била префрлена на Инфективната клиника во Скопје.
Последните денови пред смртта се појавиле срцеви проблеми и ја лекувале инфектолози и кардиолози. Имала покачена температура, изразена малаксаност, кашлица и отежнато дишење. Не била ставена на респиратор.
Д-р Стевановиќ вели дека болната ситуацијата нагло се влошила. Таа нема одговор зошто оваа млада жена развила така тешка слика.