Ќе те убиеме ако не ни дадеш пари: Филмско разбојништво во Велес, две лица во притвор!

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца велешани за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво според член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Шолц: Најдобар начин да се разбере што мисли Путин е да се зборува со него
Најдобар начин да се разбере што мисли рускиот лидер Владимир Путин за преговорите за Украина е да разговараме со него, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.Како што изјави за германските медиуми, шпекулациите …
INFOMAX.MK
На 16.11.2024 во 04.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка“ во Штип настанал пожар во паркирано патничко возило „опел мерива“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на Т.П.(55) од …

Осомничените, на возраст од 26 и 32 години, на 23 декември наутро, со заштитни маски на лицето, заедно влегле во спортска обложувалница. На вработената на сила од раката и го оттргнале мобилниот телефон и го одзеле. Побарале од неа пари со закана дека ќе ја убијат.

Почнале да пребаруваат низ обложувалницата, па пронашле и одзеле 12 ваучери за исплата од слот машини во вредност од вкупно 13.219 денари, како и сите ситни монети што ги пронашле во фиоките.

По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Велес определи мерка притвор во траење од 30 дена за двајцата осомничени, ценејќи дека постои опасност од бегство и можност да го повторат делото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.