Турскиот заменик министер за образование Назиф Јилмаз на Твитер објави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху „ќе умре“.
„Еден ден ќе те застрелаат и тебе. Ќе умреш“, „твитна“ Јилмаз како одговор на видеото објавено од Нетанјаху за израелските воздушни напади врз Газа.
Нетанјаху требаше да ја посети Турција во следните месеци, откако го одложи патувањето во јули затоа што му беше вграден пејсмејкер, објави „Тајмс оф Израел“. Минатиот месец Ердоган се сретна со Нетанјаху во Њујорк на првата позната средба меѓу двајцата лидери.
Односите меѓу Израел и Турција се одмрзнаа минатата година по долгогодишно непријателство меѓу лидерите на двете земји, главно поради поддршката на Турција за Хамас, пишува весникот.
- Денеска се празнуваат Светите маченици Трофим, Саватиј и Доримедонт
- Да не беше Америка, Украина немаше да постои, вели новиот прв човек на НАТО, Марк Руте
- ИРАН ПРВ ПАТ ГО КОРИСТИ „ОСВЕТНИКОТ“: Ова е суперсонична ракета која удри во израелските градови – ПОЖАРОТ ја крена Белата куќа на нозе
- По нападот на Иран врз Израел: Светските лидери стравуваат од сеопфатна војна, Хамас го поздрави чекорот на Техеран
- ,,Ова е само дел од нашата моќ – не си играјте!”
„Турција преговара за ослободување на заложниците“
Неименуван висок турски функционер денеска изјави дека неговата земја, која историски имала контакти со Хамас, води преговори со цел ослободување на цивилите што ги држи палестинската милитантна организација.
- Турција води преговори за цивили кои ги држи Хамас. Според наредбата на претседателот (Реџеп) Тајип Ердоган, во тој процес се ангажирани соодветните институции – изјави неименуваниот турски функционер, без да даде повеќе детали.
Петтиот ден од крвавите судири на Блискиот исток однесоа повеќе од 2.300 животи. Според израелските и палестинските власти, во Израел се убиени повеќе од 1.200 луѓе, а бројот на загинати Палестинци е над 1.100. Повеќе од 5.000 беа ранети од двете страни на фронтот. Денеска започна шестиот ден од воените операции меѓу израелските воени сили и Хамас, а во војната е вклучена и либанската паравоена формација Хезболах, која е на страната на Хамас.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.