При посетата на најголемиот затвор во земјава, „Идризово“, „Фокус“ ја посети и ќелијата каде поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ја издржуваше затворската казна, во женскиот дел од затворот.
- Кузеска: СДСМ бара оставка од членката на ДКСК, Цвета Ристовска
- Откриен случај на заразен од „мајмунски сипаници“ во Приштина
- И покрај ветувањата, Владата не обезбедила доволно пари за инсулин
- Разрешена Миликије Халими – директорка на „Аеродроми“
- Српската БИА повикала студент на „пријателски разговор“ поради протестите
Најпознатата затвореничка од овој дел, неодамна го напушти затворот. Во нејзината соба е сместена друга затвореничка.
Собата каде што била сместена, на прв поглед изгледаше пристојно. Со нови прозорци, релативно нов под и удобно наместена.
Спроти нејзината соба е собата на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева. Излезе на кратко од собата со насмевка на лицето. Внатре беше со цимерката и кратко само нѐ поздрави.
На 1 ноември, Јанкулоска по три години, излезе од затвор откако Апелацискиот суд во Скопје ја уважи нејзината молба за условен отпуст од натамошно издржување на затворската казна за случајот „Тенк“.
При донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид повеќе фактори – дека е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, како и нејзиното однесување во затворот.
Поранешната министерка ја издржуваше четиригодишната затворска казна од септември 2020 година откако беше правосилно осудена во случајот „Тенк“ за набавката на владиниот луксузен „мерцедес“.
Во женскиот дел можеше да се почувствува дека собите ги уредува женска рака. Таму е сместена и една жена осудена на доживотна казна затвор, жената од Дебар, која ги уби таткото, мајката и нејзината сестра.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.